Бугарите ќе патуваат во Грција и Србија без карантин од 1 јуни

Ова го изјави премиерот Бојко Борисов по Четирилатералниот состанок, што се одржа преку видео конференција и по иницијатива на Борисов.

 

„Знаете дека романската влада си поднесе оставка, ние се надеваме дека тие ќе донесат одлука што е во согласност со одлуката што ја донесовме со Грција и Србија, за да можеме да го тргнеме и таму 14-дневниот карантин“, додаде премиерот на Бугарија на прес конференција.

 

„Ќе има декларација на границите, едноставна, со три потврдни одговори: Немам никакви симптоми, не сум под карантин, запознаен сум со релевантната епидемиолошка состојба и патувам на сопствен ризик. Мора да се внесе и контакт телефон“, објасни Борисов. Според него, во тек се разговори со Австрија и Германија.

 

„Од 1 јуни планираме целосно да ги отвориме рестораните во Бугарија. Од понеделник, 25 мај, ќе биде укинат карантинот за сите меѓународни возачи кои влегуваат во земјата“, додаде Борисов. 

 

„Сите земји и честитаа на Бугарија како се справи со епидемијата и затоа ние сме првите што ги олеснувме мерките“, рече тој.

 

„Важно е да се научи да се следат мерките за дезинфекција и да се научи да живее со вирусот и мислата дека е тука и под разумен ризик да се направат повеќе системи да работат и така луѓето и буџетот да имаат повеќе пари“, рече тој.

 

Бојко Борисов, српскиот претседател Александар Вучиќ, грчкиот премиер Киријакос Мицотакис и романскиот премиер Лудовиќ Орбан разговараа за олеснување на патните мерки за граѓаните од секоја од четирите држави во другите три земји, во екот на пандемијата „КОВИД-19“. Целта е да се создадат услови за патување и обновување на туризмот меѓу граѓаните на четирите држави без наметнување карантин од 14 дена, но во исто време - во согласност со сите барања за хигиена за безбедност против коронавирусот.

 

На видео-конференцијата присуствуваа и министрите за надворешни работи и за внатрешни работи, здравство, транспорт и туризам на четирите држави.

 

„На 1 јуни имам состанок со претседателот Вучиќ за да видам како се гради Балканскиот тек, и со мојот колега Мицотакис да му покажам како да се изгради интерконекторот со Грција, автопатот Струма и сите проекти што продолжија и покрај кризата“, рече Борисов.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.