Индија ги попушти мерките и забележа околу 6.000 нови случаи за еден ден

Во Индија се потврдени околу 6.000 нови случаи, што е најголемоо дневно зголемување во земјата до денес, додека владата ги олеснува мерки и авиокомпаниите се подготвуваат повторно да воспостават дел од авионските линии во земјата.

Во земја со 1,3 милијарди луѓе, коронавирусот досега е потврден кај повеќе од 118.000 луѓе, додека 3.583 лица починале. Бројот на заразени лица се зголеми за 5 проценти во однос на претходниот ден.

Премиерот Нарендра Моди го продолжи карантинот до 31 мај.

Сепак, мерките се релаксирани во области со помал број на заразени лица, а на сојузните држави им беше дозволено да издаваат свои упатства за одредени аспекти на пандемијата.

Индиските авиокомпании ќе можат да воспостават околу една третина од нивните летови, но само во земјата и според некои најстроги правила во светот.

„Големо зголемување на бројот на заразени лица се случи откако делумно беше дозволено движење во земјата. Сепак, во целина, ова е многу послаб експоненцијален раст отколку во остатокот од светот“, рече професорот за епидемиологија Џиридар Бабу од Индиската фондација за јавно здравје.

Индија има ниска стапка на морталитет од Ковид-19, веројатно поради возрасната структура на населението.

Дури 93,5 проценти од Индијците се на возраст под 65 години, а од коронавирус умираат главно постари.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.