Најмногу смртни случаи во Русија во едно деноноќие

Во Русија починале 150 луѓе во последните 24 часа од коронавирус, што е најголем број жртви на инфекција за еден ден, соопшти Штабот за превентивни операции против епидемијата на вирусот Ковид-19.

Вкупниот број на смртни случаи од коронавирус во Русија е 3.224. Бројот на заболени е 8.894, што е седми ден под 10.000, пренесува ТАСС.

Инфицирани се вкупно 326.448 лица. Според податоците на Штабот за превентивни операции, дневниот пораст се намалил од 2,9 на 2,8 проценти.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.