Од денеска влез во Србија без тест на коронавирус и самоизолација

На секој што ќе влезе на територијата на Србија повеќе нема да му биде неопходно да има негативен тест на коронавирусот ниту, пак, дозвола од комисијата.

Со одлука на владата на Србија и по препорака на Кризниот штаб, ниту на српските ниту на странските граѓани не им треба негативен тест на коронавирусот за да влезат во земјата, а самоизолацијата од 14 дена не е задолжителна.

Сите лица што влегуваат на територијата на Србија ќе добијат здравствени предупредувања, во кои се вели дека влегуваат во област каде што сè уште циркулира вирусот, како и совети за спречување на инфекцијата.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.