Грција добитник на меѓународната награда „Сино знаме“ за 497 плажи

Годинава, Грција го доби најпрестижното меѓународно признание за квалитетот на туристичките капацитети - „Сино знаме“ за 497 плажи, 14 марини и 6 агенции за крстарење и со тоа стана светски вицешампион на туризмот, јавува агенцијата АНА.

Меѓународната комисија додели „Сини знамиња“ на 82 агенции за крстарење, 691 марина и 3.895 плажи во целиот свет.

Престижните „Сини знамиња“ се доделуваат од 1987 година за најубавите плажи и марини, но од 2017 година се доделуваат и на најдобрите агенции за крстарење.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.