Конте најави седум мерки за обнова на Италија по коронавирусот

Во писмото до двата дневни весника „Кориере дела сера“ и „Фато котидијано“, италијанскиот премиер Џузепе Конте најави седум мерки за обнова на земјата по пандемијата на коронавирусот, вклучително и големи јавни работи, реконструкција на инфраструктурата, рекапитализација и стабилизирање на производствените погони, особено оние што претрпеле најголема штета како резултат на карантинот.

 

Премиерот исто така најавува поддршка на дигитализацијата, електронските плаќања и иновациите, драстично намалување на бирократијата и културна револуција во јавната администрација.

 

Од функционерите на јавната администрација ќе се бара поголема одговорност и попрецизно дефинирање на злоупотребата на службената положба.

 

Премиерот најавува и мерки за подобрување на ефикасноста на судството, но и воведување сериозна даночна реформа.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.