Во Русија рекорден број починати од коронавирус

Во Русија во последните 24 часа од коронавирус починале 232 луѓе и тоа е најголем број забележан досега. Со ова, вкупниот број на починати достигна 4.374 луѓе, соопшти Оперативниот штаб за борба против ширење на вирусот.

За време на изминатите денови 76 луѓе починале во Москва, 50 во Дагестан, 20 во Подмосковље и 11 во Санкт Петербург, пренесе Спутник.

Претходниот ден бројот на заболени од вирусот во Русија се зголемил за 8.872 во 84 региони, вкупно 387.623 во 85 региони. Од тој број кај 3.380 пациенти немало клинички симптоми на болеста.

Од болница во еден ден биле отпуштени 8.264 оздравени пациенти, а вкупен број на излечени изнесува 159.257.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.