Полицaјците го тепале Флојд во неговиот автомобил пред да почине

И пред Афроамериканецот Џорџ Флојд (46) да заврши на бетон со лицето на под, полицијата имала проблеми со него. Тоа е прикажано на новите снимки од надзорната камера на кои се гледа дека неколку полицајци на задното седиште на полицискиот автомобил имаат проблеми со Флојд.

Видеото беше објавено на Инстаграм од страна на активистот Шон Кинг, кој напиша дека полицајците во автомобилот го претепале Флојд.

„Сè полека се сложува, штотуку го добив ова ново видео. Еден чува стража, а другите го тепаат“, напиша активистот.

Полицаецот Дерек Шовин, кој е одговорен за смртта на Џорџ Флојд, е обвинет за убиство од трет степен и за убиство без умисла.

Протестите против полициската бруталност спрема Афроамериканците беснеат во САД, но и во Европа, а претседателот Доналд Трамп мораше да се соочи со низа проблеми.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.