Малта од 1 јули ги отвора границите за туристи од 16 европски земји
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 02 Јуни 2020
Островот Малта ќе ги отвори своите граници на 1 јули за туристи од 16 европски земји, од Израел и само за одредени делови на Италија.
Малтешките власти објавија дека ќе ги отворат своите граници за туристите кои ќе пристигнат од италијанските острови Сицилија и Сардинија, но не и од другите делови на Италија, пренесува АП.
Малта со својата богата историја и ноќен живот се смета за туристичка мека меѓу туристите, особено кога станува збор за Британците, Италијанците, Германците и Французите.
Сепак, само граѓаните на Германија се на списокот на земји што ќе можат да го посетат островот уште следната недела, според АП.
Во Малта се пријавени 619 случаи на коронавирус и девет смртни случаи поврзани со Ковид-19 од почетокот на пандемијата.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс