СЗО продолжува со тестирање на лекот против маларија кај пациенти со Ковид-19

Светската здравствена организација ќе продолжи со тестирање на хидроксихлорокинот како потенцијален лек против коронавирусот, изјави директорот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејезус.

 

Изјавата е дадена, откако лекарите кои работат на студијата за кратко престанаа да им го даваат овој лек на нови пациенти, поради здравствени проблеми што ги предизвикал.

 

СЗО минатиот месец ја стопира употребата на лекот против малараија во обемната студија за третман на Ковид-19, во која околу 3.500 пациенти во 35 земји го добиле лекот. Причината за тоа беше стравот дека овој лек ќе ја зголеми стапката на смртност, пренесе „Ројтерс“.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.