Џастин Трудо клекна на колена во знак на поддршка на демонстрантите

Премиерот на Канада, Џастин Трудо, клекна на колена во знак на солидарност со демонстрантите на вчерашниот протест против расизмот што се одржа во Отава.

Опкружен со телохранители, Трудо клекнал додека демонстрантите барале крај на полициската бруталност и расистичкото постапување кон црнците и извикувале: „Ајде да му се спротиставиме на Трамп“.

Протестот во Отава е еден од неколкуте протести планирани во градовите низ Канада како солидарност со протестите во САД предизвикани од насилната смрт на невооружениот Афроамериканец Џорџ Флојд, кој беше убиен од полициски службеник во Минеаполис минатата недела.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.