На Италија и се заканува најтешката рецесија од Втората светска војна

На Италија и се заканува најтешка рецесија по Втората светска војна, затоа што третата најголема економија во еврозоната оваа година ќе има пад од 8,3 проценти како резултат на кризата предизвикана од коронавирусот.

Во земјата, која беше меѓу првите во Европа којашто беше погодена од епидемијата, во сила беа строги карантински мерки повеќе од два месеци.Националниот институт за статистика предвидува закрепнување од 4,6 проценти следната година, но многумина во земјата стравуваат дека ефектот од мерките за затворање ќе биде уште полош врз економијата од предвиденото.

Италијанската централна банка предвиде пад на бруто домашниот производ (БДП) помеѓу 9,2 и 13,1 отсто, додека Европската комисија предвидува пад од 9,5 проценти. Прогнозата на американската инвестициска банка „Голдман Сакс“ е уште помрачна и предвидува пад на италијанскиот БДП од 14%.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.