СЗО: Пандемијата сè уште се развива

Извршниот директор на Програмата за вонредни состојби на Светската здравствена организација (СЗО), Мајкл Рајан, изјави дека пандемијата на Ковид-19 сè уште се развива.

„Ако ги видиме бројките, можеме да забележиме дека оваа пандемија сè уште се развива. Покажува стапка на раст во многу делови на светот. Ние сме длабоко загрижени за здравствените системи во некои земји затоа што знаеме дека тие се преоптоварени и им се потребни нашата поддршка, помош и солидарност“, рече тој

Рајан посочи дека секоја земја има своја комбинација на ризици и можности и дека националните власти мора внимателно да размислат како да се справат со пандемијата.

„Во Европа прашањето за ризикот сега се однесува на патувањата и отворањето на училиштата, како и масовните собири, надзорот и идентификувањето на контактите на заразените“, рече Рајан.

Во земјите од Југоисточна Азија, каде што во голема мера ширењето на заразата е под контрола, владите се загрижени за повторното појавување кластери, а во Јужна Америка недостатигот на заштитна опрема за здравствените работници сè уште е проблем.

Што се однесува до Африка, Рајан рече дека стапката на смртност е многу мала во изминатите седум дена, но дека здравствените системи на континентот може да бидат преоптоварени бидејќи тие се справуват и со други болести, како маларијата.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.