20 нови случаи на коронавирус во Грција

Во Грција во последните 24 часа се регистрирани 20 нови случаи на коронавирус, соопшти Националната организација за јавно здравје во земјата.

Вкупниот број заразени во Грција е 3.088, од кои 692 се заразени во странство, јавува агенцијата АНА.Од вторникот нема смртни случаи од коронавирус, а вкупниот број на починати е 183.

Во Грција беше донесена одлука пред два дена да се зголеми бројот на тестови, откако бројот на нови случаи за еден ден беше 97. Една третина од овие случаи биле патници од странство.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.