Силен земјотрес во Турција, има повредени (ФОТО)

Земјотрес со јачина од 5,9 степени ја потресе источна Турција во 17:24 часот, пишува на веб-страницата на Европскиот сеизмолошки институт.

Епицентарот бил на длабочина од 5 километри.

Во рок од еден час биле регистрирани уште неколку земјотреси со различен интензитет, од кои последниот бил со јачина од 4,6 степени, објавија агенциите.

Според агенцијата Анадолија, која го цитираше министерот за животна средина и урбанизација, Мурат Курум, екипи за спасување се испратени на местото на настанот.

Засега е познато дека кулата за набудување е оштетена, а три лица од безбедносните сили биле повредени.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.