Во Сплит испишан графит со морбидна порака до Ѓоковиќ

Сплитската полиција води истрага кој напишал морбидна порака до српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ во центарот на градот, а се очекува во текот на денот ѕидот да се обои.

На ѕидот на улицата Сињска во центарот на Сплит се појави натпис со кој се посакува смрт на Ѓоковиќ. Од полицијата велат дека тие отишле на местото на настанот и ја информирале комуналната служба за сè. Тие додаваат дека ќе се отстранат навредливите графити и дека полицијата го бара нивниот автор.

Ѓоковиќ беше организатор на тенискиот мега-спектакл „Адрија тур“ неодамна одржан во Задар, кој беше прекинат поради инфекција со коронавирус.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.