Директорот на ЦДЦ: Бремените жени имаат поголем ризик од тежок облик на коронавирус

Бремените жени имаат поголем ризик од тежок облик на Ковид-19 во однос на жените кои не се бремени, изјави шефот на американскиот Центар за превенција на болести (ЦДЦ), Роберт Редфилд.

ЦДЦ откри дека најверојатно бремените жени ќе бидат примени на одделот за интензивна нега и сместени на респиратор.

Сепак, агенцијата наведува дека бремените жени немаат поголем ризик од смрт и додава дека сè уште нема податоци за тоа како Ковид-19 влијае на исходот на овие бремености.

Редфилд рече дека почестото појавување на заразата кај младите може делумно да се припише на зголемувањето на дијагностицирањето на болеста во таа група, која има помала веројатност да биде хоспитализирана отколку повозрасните.

ЦДЦ може да ја користи социјалната мрежа „Тик-Ток“ за да испрати предупредувања до младите луѓе за да држат физичко растојание, да носат заштитни маски и да избегнуваат големи собири.

„Овие жаришта што ги гледаме ... се значајни и треба да одговориме на нив“, рече Редфилд, укажувајќи на порастот на хоспитализациите во Аризона и Тексас.

ЦДЦ наведува дека најмногу изложени на ризик се лицата со сериозни кардиоваскуларни и бубрежни заболувања, хронично опструктивно белодробно заболување, дебели луѓе, оние кои биле подложени на трансплантација на органи или имаат дијабетес тип 2.

Луѓето со висок крвен притисок се исто така изложени на ризик, но помалку.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.