Руски свештеник, кој го негирал постоењето на коронавирусот, е отпуштен од црквата

Руската православна црква отпушти еден монах кој ја негирал пандемијата на коронавирусот и кој им се спротивставил на мерките на Кремљ и ја презел контролата врз манастирот.

Црковното собрание во Екатеринбург донесе пресуда да се отпушти отецот Сергеј, кој привлече внимание во земјата повикувајќи ги верниците да не го почитуваат црковното раководство и да се спротивстават на затворањето на црквите за време на пандемијата.

Монахот не се појавил на седницата и ја отфрлил пресудата.

Во видео, кое е објавено од негови приврзаници, тој ги повикува своите следбеници да дојдат да го бранат женскиот манастир „Среднеуралск“, каде што се наоѓа тој од минатиот месец.

Црквата му забранила на монахот да води служба во мај, но тој продолжил да проповеда и минатиот месец ја презел власта над манастирот над Екатиринбург, кој е основан пред многу години.

Отецот Срегеј пандемијата на коронавирусот ја прогласил за непојна и рекол дека вакцините против Ковид-19 се дел од глобалниот заговор за контрола на масата народ со помош на чипови.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.