Раперот Канје Вест најави дека влегува во претседателската трка, доби поддршка од Илон Маск

Американскиот рапер Канје Вест во саботата на „Твитер“ објави дека ќе се кандидира на претседателските избори во ноември и ќе го предизвика актуелниот претседател, републиканецот Доналд Трамп и неговиот политички ривал, демократот Џо Бајден.

„Сега мора да го исполниме ветувањето на Америка верувајќи во Бога, обединувајќи ја нашата визија, да ја изградиме иднината. Јас се кандидирам за претседател на Соединетите американски држави“, објави Вест на „Твитер“ со емотикон од американското знаме и назнака #2020VISION.

We must now realize the promise of America by trusting God, unifying our vision and building our future. I am running for president of the United States 🇺🇸! #2020VISION

— ye (@kanyewest) July 5, 2020

Сè уште не е познато дали Вест, кој инаку се промовираше како поддржувач на Трамп, навистина има намера да се кандидира на четири месеци пред изборите закажани за 3 ноември и дали тој поднел официјално барање за да влезе во претседателската трка.

Во голем број држави, крајниот рок за додавање на независни кандидати на гласачките листи сè уште не е истечен.

Најновата објава на американскиот рапер предизвика лавина реакции кај неговите 29 милиони следбеници на „Твитер“.

Илон Маск, извршниот директор на „Тесла“, уште една славна личност позната по ексцентричните испади, ја поддржа најавата на раперот.

„Ја имаш мојата целосна поддршка“, твитна Маск.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.