Дуда би го сменил полскиот Устав за да забрани геј двојките да посвојуваат деца

Една недела пред вториот круг на претседателските избори во Полска, претседателот во заминување Анджеј Дуда рече дека ќе се обиде да го промени Уставот за да им забрани на истополовите парови да посвојуваат деца.

Предлог-законот ќе пристигне на разгледување во парламентот во понеделник, најави Дуда.

Неговиот либерален ривал во вториот круг на изборите, градоначалникот на Варшава, Рафал Трзасковски, исто така рече дека е против посвојувањето деца од истополови двојки, јави новинската агенција ПАП.

Пратеникот и ЛГБТ активист, Криштоф Смишек, го критикуваше Дуда дека предложил нешто што нема да добие потребно мнозинство во парламентот.

„Тоа е обид да се мобилизира страв со цел да се соберат гласови“, рече Смишек.

Според последните анкети, Дуда има мала предност пред Трзасковски и се предвидува дека ќе победи со 50,9 проценти од гласовите.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.