Хашим Тачи на сослушување во Хаг
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 13 Јули 2020
Косовскиот претседател Хашим Тачи денеска во Хаг треба да биде сослушан од меѓународните обвинители за воени злосторства. Тoj беше врвен командант на Ослободителната војска на Косово, кој водеше герилска војна за независност од Србија кон крајот на 90-тите.
Специјален меѓународен суд го обвини Тачи и други поранешни борци за наводни воени злосторства од страна на ОВК, вклучувајќи убиства, киднапирање и тортура.
„Додека мои сограѓани како и јас ќе се соочат со меѓународната правда со достоинство и интегритет, ве повикувам да застанете обединети во справувањето со предизвиците со кои се соочува нашата земја“, напиша тој на Фејсбук, негирајќи ги обвинувањата.
Тачи порача дека ако му се суди, веднаш ќе поднесе оставка како претседател и ќе се соочи со обвиненијата.
Во обвинението се наведува дека Тачи, лидерот на Демократската партија на Косово Кадри Весељи и други се осомничени за околу 100 убиства. Злосторствата претставени во нацрт обвинението вклучуваат стотина идентификувани жртви косовски Албанци, Срби, Роми и политички противници.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс