Нови антивладини протести во Бугарија: „Корона, чао! Бојко, чао!“

Нови антивладини протести попладнево се случуваат во Софија, Варна, Бургас, Стара Загора, Хасково и неколку други градови во Бугарија.

Веќе петта вечер по ред илјадници луѓе излегуваат на улиците барајќи оставка. Како што пренесе БГНЕС, на протестите присутни се голем број луѓе со деца, кучиња и на велосипеди од сите возрасти.

Собраните извикуваа: „Корона, чао! Бојко, чао! “

На паролите пишува: „Протестирам за да не емигрирам“, „Сакаме иднина за нашите деца“, „Бугарија на народот, а не на мафијата“, „Доволно е 10 години! Борисов, оди си во мир!“, ,„Сакам иднина во Бугарија, дали е тоа многу?“

Зголемено е присуството на полицијата во повеќе области, а засега протестите се одвиваат мирно.

Главните барања на демонстрантите се оставката на владата и главниот обвинител.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.