Трамп: Децата помалку се заразуваат, би ја прифатил одлуката наесен да се вратат на училиште

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека би ја прифатил одлуката да се вратат децата на училиште во есен, вклучувајќи ги и неговиот син и внуци, затоа што, како што тврди, децата не го добиваат и не го шират лесно коронавирусот.

На прашањето на новинарите во Белата куќа дали неговата администрација планира да подготви национална стратегија за враќање на децата на училиште во есен, Трамп рече дека тие имаат национална стратегија.

„Но, како што знаете, на крајот тоа зависи од гувернерот. Мислам дека многумина од гувернерите сакаат да се отворат училиштата. Јас би сакал да се отворат“, рече Трамп, додавајќи дека децата имаат силен имунолошки систем.

„Тие не го пренесуваат вирусот толку лесно на другите и многумина велат дека воопшто не го пренесуваат. Тие не го носат дома“, тврди Трамп.

Тој додаде дека децата не се заразуваат лесно, тие не го пренесуваат вирусот, па дури и ако го добијат вирусот, тие закрепнуваат побрзо и подобро, пренесува „Си-ен-ен“.

Коронавирусот е потврден кај повеќе од 23.000 деца под 18-годишна возраст во Флорида.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.