Претседателот на Германија предизвика корона-скандал
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 07 Август 2020
Една фотографија од одмор во Јужен Тирол предизвика политички скандал во Германија поради непочитување на мерките за коронавирус.
Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер позирал без маска и неопходно растојание со членови на народен оркестар.
Критичарите го обвинуваат Штајнмаер за примена на двојни стандарди кога станува збор за почитување на правилата за коронавирусот, бидејќи тие не важат за него, додека ги повикува граѓаните да ги почитуваат.
На фотографијата е прикажан и претседателот на италијанската покраина Јужен Тирол, Арно Компачер.
Кабинетот на Штајнмаер рече дека претседателот внимава на правилата за растојание и хигиена дури и кога е на одмор, но очигледно тоа не може секогаш да се применува оптимално.
„Многу е важно секој ден да сме свесни дека мора да бидеме внимателни“, се додава во пораката на кабинетот.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс