Светските лидери бараат решение за Либан

Светските лидери бараат решение за Либан и ќе одржат разговори за Бејрут. Претседателот на Франција и ООН организираат конференциски повик. Доналд Трамп потврди дека ќе се приклучи на иницијативата на Емануел Макрон.

 

Се проценува дека големата експлозија во вторникот предизвика штета од 15 милијарди американски долари. Повеќе од 150 луѓе загинаа, а стотици илјади останаа без покрив над главата.


Немирите во Бејрут ескалираа вчера. Лутите граѓани влегоа во неколку министерства и седиштето на здружението на банкари. Тие сакаат одговори од владата за тоа како е дозволена трагедијата. За да ги смири страстите, премиерот Хасан Диаб вети предвремени избори.

 

„Премиерот нема вистинска моќ да распише нови избори. Тој преговара само со други политичари. Затоа нема да престанеме да излегуваме на улиците додека не се случат нови избори“, изјавил демонстрант.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.