Уште 1.365 новозаразени во најтешко погодената земја на Балканот

Бројот на новозаразени од коронавирус во Романија во последните 24 часа се зголеми за 1.365, на вкупно 91.256, соопшти денеска Стратешката комуникациска група.

Од компликации со коронавирус починале 44 лица во изминатите 24 часа - 27 мажи и 17 жени, со што бројот на смртни случаи во Романија достигна 3.765, објавија тамошните медиуми.

Вкупно во земјата досега се опоравиле 39.275 заразени лица.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.