Во Франција поради коронавирусот затворени 22 училишта
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 04 Септември 2020
Францускиот министер за образование, Жан-Мишел Бланкер, денеска соопшти дека 22 училишта во земјата се затворени поради случаи на Ковид-19.
„Во континенталниот дел на Франција, во моментов се затворени 12 од вкупно над 60.000 училишта, што е мала бројка. Со 10 училишта на островот Реунион, има вкупно 22 затворени", изјави Бланкер за Радио Европа 1.
Откако во вторникот повеќе од 12 милиони ученици се вратија во училиштата, некои родители и синдикати изразија загриженост за плановите за повторно отворање на училниците додека се забрзува ширењето на вирусот.
Министерството за здравство по вторпат во рок од два дена забележа повеќе од 7.000 нови инфекции во последните 24 часа, како и зголемување на болничките случаи.
По карантинот, кој траеше од средината на март до средината на мај, Франција постепено ги отвори сите училишта во последната недела пред летните одмори, бидејќи властите беа загрижени за заостанатиот материјал за децата во училиштата.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс