Фон дер Лајен: Западен Балкан е дел од Европа, а не станица на „Патот на свилата“

Во својот прв говор за состојбата на ЕУ, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ја истакна важноста на односите и врската помеѓу ЕУ и Западен Балкан.

Довербата е основа на секое силно партнерство и Европа секогаш ќе биде подготвена да гради силни партнерства со најблиските соседи, почнувајќи од Западен Балкан, вели претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

„Иднината на целиот регион лежи во ЕУ. Ние ја делиме истата историја, истата судбина“, рече Фон дер Лајен.

Таа истакна дека Западен Балкан е дел од Европа, а не станица на „Патот на свилата“. Во својот говор пред Европскиот парламент, таа оцени дека историската одлука на ЕУ е да ги отвори пристапните преговори со уште две земји од регионот.

Фон дер Лајен најавува дека Комисијата наскоро ќе претстави економски пакет за закрепнување на Западен Балкан, кој ќе се фокусира на регионални инвестициски иницијативи, пренесува „Танјуг“.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.