Четириест уапсени по голите протести против нафтата во Осло

Четириест активисти за заштита на животната средина, кои ја претставуваат озлогласената организација „Екстиншн ребелион“, се уапсени по серијата протести против нафтената индустрија во Норвешка и неуспехот на владата за соодветно решавање на климатската криза, пренесуваат норвешките медиуми.

Позадината на протестите е најавата на компанијата „Винтершел ДЕА“, која е активна на континенталниот гребен на Норвешка, дека изнајмува платформа за дупчење од норвешката компанија „Одфјел дрилинг“ за нови истражувања на нафтата во Норвешкото Море и во северниот дел на Северното Море .

Во серијата демонстрации, демонстрантите блокираа фреквентна раскрсница на една од главните сообраќајни артерии на Осло, а подоцна се собраа пред две министерства со транспаренти на кои пишуваше „Нафтеното доба заврши“, барајќи „зелено рестартирање“ во обид да ја насочат Норвешка подалеку од фосилните горива. Активистите напишаа „плус четири степени“ со извичник на еден од прозорците на Министерството за енергетика.

Норвешка е еден од водечките светски извозници на енергетски ресурси, покривајќи околу 2 отсто од глобалната побарувачка на нафта и 3 отсто од побарувачката за природен гас. Речиси целата нафта и гас произведени во Норвешка се извезуваат. Природните ресурси на Норвешка ѝ обозможија да го создаде најголемиот суверен фонд во светот, вреден над еден билион американски долари.

„Екстиншн ребелион“ е глобална еколошка организација основана во 2018 година во Велика Британија, во голема мерка моделирана според „Гринпис“ и други движења кои прибегнуваат кон ненасилна граѓанска непослушност. Нејзината цел е да поттикне владина акција за да се избегне вештачки биолошки колапс.

Сепак, таа не е без контроверзии, бидејќи честопати е означувана како организација на привилегираната средна класа претежно составена од белци. Покрај тоа, беше означен како екстремистичка организација која сака да ги уништи демократијата и владеењето на правото со изговор за борба за животната средина.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.