Протест на средношколците во Атина - „Под маските имаме глас“

Во центарот на Атина утрово се одржа протест на средношколци.

Нивните главни барања се спроведување на сите потребни мерки за безбедност на учениците и наставниците во училиштата, вклучително одделенијата од по 15 ученици, пренесе АНА.

Главниот слоган на демонстрантите беше „ Под маските имаме глас, образование и здравје за секој ученик“.

Тие се собраа кај Пропилеј, а потоа тргнаа кон зградата на парламентот.

Сообраќајот во центарот на Атина беше во прекин.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.