Столтенберг: И Турција и Грција се ценети сојузници, НАТО е платформата за дијалог

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, разговараа за ситуацијата во Источен Медитеран, пренесува „Анадолија“.

„Разговарав со претседателот Ердоган за ситуацијата во Источниот Медитеран и за тековните активности на НАТО за деескалација на конфликти со цел да се избегнат инциденти и несреќи.  И Турција и Грција се ценети сојузници, и НАТО е платформа за дијалог“, напиша челникот на НАТО на Твитер.

Грција со поддршка на Франција го оспорува истражувањето на енергетските ресурси од страна на Турција во Источниот Медитеран, правејќи обиди да ја ограничи турската поморска територија врз основа на малите грчки острови во близина на турскиот брег.

Турција, земја со најдолго крајбрежје на Медитеранот, испрати наменски бродови за истражување на енергетските ресурси во својот континентален појас, нагласувајќи дека и Турција и Турската Република Северен Кипар (ТРСК) имаат права во тој регион.

За да се намалат тензиите, Турција повика на дијалог за да се обезбеди праведна поделба на ресурсите.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.