Навални им се заблагодари на руските пилоти и на лекарите

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални им се заблагодари на руските пилоти и на лекарите за брзата реакција кога падна во кома за време на летот од Сибир.

Навални, на кого му се слоши на 20 август во авион за Москва, по што беше во кома скоро три недели, напиша на Инстаграм дека пилотите „брзо слетале во Омск“ и дека лекарите на аеродромот „му инјектирале доза атропин“ препознавјќи „труење со отровна материја“.

„Ви благодарам, непознати пријатели со добро срце. Вие сте добри луѓе", напиша 44-годишниот политичар, објавувајќи фотографија на која ја прегрнува својата сопруга Јулија.

https://www.instagram.com/p/CFjfdEHlqdY/?utm_source=ig_web_copy_link

Откако помина 48 часа во болница во Омск, чии лекари рекоа дека не откриле траги од труење во неговото тело, Навални беше префрлен во болница во Берлин.

Германски експерти за хемиско оружје објавија дека утврдиле дека Навални е отруен со нервниот агенс „новичок“, а тоа го потврдија и лабораториите во Франција и во Шведска.

Навални, најголемиот противник на рускиот претседател Владимир Путин, беше пуштен од болница неделава. Неговиот тим за труењето го обвинува Кремљ, чии претставници ги негираат обвинувањата.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.