Ердоган: Турскиот народ е со сите расположливи средства со азербејџанските браќа

Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган рече дека со нападот врз Азербејџан, Ерменија уште еднаш покажа дека претставува најголема закана за мирот и стабилноста во регионот.

„Турскиот народ е денес, како и секогаш, со сите расположиви средства, заедно со своите азербејџанские браќа“, наведе Ердоган во пораката објавена на „Твитер“.

Турскиот претседател Ердоган исто така рече дека меѓународната заедница уште еднаш покажува дека има двојни аршини и на примерот на несоодветен одговор на провокативната агресија на Ерменија.

„За жал, тројката од Минск, која се однесува невнимателно скоро 30 години, е далеку од тоа да дејствува во насока на решавање на проблемот. Го повикуваме ерменскиот народ да се бори за својата иднина против владата и оние што ги туркаат во пропаст и ги користат како марионети, го повикуваме светот да застане покрај Азербејџан во неговата борба против окупацијата и злото“, рече Ердоган.

Ердоган изјави дека разговарал по телефон со неговиот азербејџански колега Илхам Алиев и дека уште еднаш бил убеден во неговиот решителен и цврст став.

Тој додаде дека во тој разговор, тој повторил дека Турција ќе продолжи да го поддржува Азербејџан и тамошниот братски народ под слоганот „Еден народ, две држави“.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.