Орбан бара оставка од потпретседателката на Европската комисија

Унгарскиот премиер Виктор Орбан бара оставка од потпретседателката на Европската комисија Вера Јурова поради нејзините погрдни јавни изјави за демократијата во Унгарија.

Унгарскиот премиер во неколку наврати беше критикуван од лидерите на ЕУ за неговите одлуки да ги стави судството, медиумите и академската заедница под подиректна државна контрола, пренесува „Ројтерс“.

Во европските кругови, Орбан е критикуван бидејќи се залага за националната држава на етничкото мнозинство на штета на општоприфатените демократски правила во современите граѓански општества, но Орбан ги отфрли овие обвинувања во интервјуто за „Ројтерс“ минатата недела.

„Според потпретседателката Јурова, во Унгарија е изградена болна демократија“, напиша Орбан во писмото до претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен.

Унгарскиот премиер најчесто се опишуваше себеси како заштитник на унгарската национална гордост и државен суверенитет на Унгарија, кој, според него, е загрозен дури и од бриселската бирократија.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.