Стотици жени протестираа против Лукашенко во Белорусија

Стотици жени денеска протестираа против претседателот Александар Лукашенко во центарот на Минск и другите белоруски градови, ден пред истекот на ултиматумот на опозицијата до белорускиот претседател.

Жените протестираа и покрај дождот, носејќи со себе црвени и бели чадори, во боите на историското национално знаме, кои сега станаа симбол на опозициското движење.

Три месеци по реизборот на Лукашенко, жените протестираат секоја сабота и се двигател на протестното движење.

Во недела се очекува поголем протест, кој се совпаѓа со истекот на ултиматумот издаден од лидерот на опозицијата Светлана Тихановска, со кој се повикува Лукашенко да поднесе оставка до 25-ти октомври.

Опозицијата смета дека Тихановска е вистински победник на изборите на 9 август, додека Лукашенко тврди дека освоил 80,1 процент од гласовите.

Тихановска подготвува и генерален штрајк што треба да се одржи во понеделник, но аналитичарите сметаат дека таа има мали шанси за успех со оглед на тоа што делува од странство.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.