СЗО: Три дена по ред бројките на новозаразени во светот се рекордни

Светската здравствена организација (СЗО) објави дека во саботата е соборен новиот рекорд во светот кога станува збор за бројот на заразените со коронавирусот, трет ден по ред.

Според статистиките на СЗО, во саботата беа потврдени 465.319 заразени, во петокот 449.720 а во четвртокот 437.247 нови инфекции на коронавирус, пренесе агенцијата АФП.

Се додава дека овие податоци, сепак, не ја даваат вистинската слика на пандемијата, бидејќи на бројките влијае бројот на тестовите кои се спроведуваат.

Северната хемисфера се наоѓа во „критичен момент“ од пандемијата, предупреди во петокот директорот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејезус, оценувајќи дека преголем број земји бележат експоненцијален раст на бројот на заразите, а се уште е октомври. Се смета дека следните месеци ќе бидат особено тешки.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.