Во Хрватска рекордна дневна бројка на починати од Ковид-19

Хрватските здравствени власти денеска пријавија 1.413 новозаразени со коронавирус и 18 смртни случаи, што е најголем дневен број на починати како резултат на Ковид-19 досега во таа земја, пренесуваат регионалните медиуми.

Во моментов, Хрватска има 11.311 активни случаи.

Во болнички услови се лекуваат 897 пациенти, од кои 57 се на апарати за дишење.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.