Во Хрватска 1.973 нови случаи на коронавирус и 45 починати

Во последните 24 часа во Хрватска се потврдени 1.973 нови случаи на коронавирус, починаа 45 лица, а бројот на активни случаи е 19.275.

Меѓу нив, 2.060 пациенти се во болница, од кои 235 се на апарати за дишење.

Од 25 февруари 2020 година, кога беше регистриран првиот случај во Хрватска, вкупно 105.691 лице е заразено со новиот коронавирус, од кои 1.398 починале, а 85.018 оздравеле, од кои 2.638 во последните 24 часа.

Во моментов има 40.083 лица во самоизолација.

До денес се тестирани вкупно 683.104 лица, од кои 6.139 во последните 24 часа.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.