Ердоган: Турција е единствена земја од НАТО која се бори против ДАЕШ во Сирија

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган истакна дека Турција е единствена земја членка на НАТО која се бори против терористичката организација ДАЕШ во Сирија, пренесува „Анадолија“.

Ердоган преку видео-врска учествуваше на Самитот на лидерите на Г20, одржан во рамки на претседавањето на Саудиска Арабија, каде говореше за различни актуелни теми.  Турскиот претседател се осврна на борбата на Турција против ДАЕШ, и рече:

„Ние сме единствена земја членка на НАТО која се бори против ДАЕШ на првите борбени линии во Сирија“.

Тој, исто така, рече дека Турција прави се што може за елиминирање на терористичката закана, за спречување на споровите и за зајакнување на стабилноста.

„И покрај што сме оставени сами, досега фативме околу 9.000 странски терористички борци и ги депортиравме во нивните земји“, додаде Ердоган.

Тој говореше и за бегалците кои ги згрижува Турција, нагласувајќи дека Турција е земја која згрижила најголем број бегалци во светот во последните шест години.

„Треба да ги зајакнеме финансиските извори за хуманитарна помош за зоните погодени од војна и за заедниците кои се под ризик“, додаде тој.

Турскиот претседател се осврна на пандемијата на коронавирус нагласувајќи дека оваа пандемија уште повеќе ги продлабочува проблемите, пред се сиромаштијата и нееднаквоста. Меѓу другото, Ердоган нагласи дека неговата земја активно дава придонес во борбата против климатските промени.

„Додека се води борба против загадувањето на животната средина и против климатските промени, не треба да се дозволат појавување на нови неправди и нови двојни стандарди“, рече Ердоган.

Турскиот претседател истакна дека нема шанси да биде успешен еден систем кој не му служи на човекот, не му дава спокојство и вредност на човекот, и кој не осигурува правда и безбедност.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.