Во Романија намален бројот на новозаразени со коронавирус

Во претходните 24 часа во Романија се регистрирани 4.207 новозаразени со коронавирус, објави Стратешката комуникациска група (ГЦС). Тоа е намалување во споредба со вчера, кога бројот на новозаразени беше 5.837.

Вкупниот број на лица заразени со корона е 422.852, изјави ГЦС, објави „Аџерпрес“.

Во текот на последните 24 часа 130 лица починале од коронавирус, така што вкупниот број на смртни случаи е 10.177.

Во специјализирани одделенија во болници има 13.685 лица со Ковид-19, од кои 1.160 се на оддели за интензивна нега.

Вкупно 296.844 лица се излечиле од коронавирусот.

Според податоците на ГЦС, во изминатите 24 часа биле извршени 9.938 тестови, додека од почетокот на епидемијата биле извршени вкупно 3.908.681 тест.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.