Руската вакцина „Епиваккорона“ ќе биде пуштена во промет во декември

Вакцината „Епиваккорона“ против Ковид-19, изработена од Рускиот државен истражувачки центар за вирусологија и биотехнологија, може да биде пуштена во промет во декември, изјави денес директорот на Центарот, Ринат Максјутов.

„Веќе произведовме 35.000 дози вакцини и планираме да произведеме 50.000 дози до крајот на годината. Околу 5.000 дози се на клиничко испитување по регистрацијата, а останатите ќе бидат пуштени во цивилен промет“, рече Максјутов на онлајн Фестивал за наука.

Според Максјутов, пренесува ТАСС, првата серија вакцини што ќе бидат ставени во промет треба да се тестираат во институциите на Министерството за здравство најрано на 7-8 декември.

Освен „Епиваккорона“, во Русија е регистрирана уште една вакцина против коронавирус - „Спутник V“. Оваа вакцина е развиена од Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија на руското Министерство за здравство „Гамалеја“.

Се очекува наскоро да биде развиена уште една вакцина против коронавирус во Русија  од Федералниот научен центар за истражување и развој на имунолошки и биолошки производи на Руската академија на науките.

Една доза од вакцината ќе чини најмалку 10 американски долари на меѓународните пазари.

Вакцинацијата во Русија ќе биде бесплатна.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.