Научниот советник на Трамп, Скот Атлас, поднесе оставка

Научниот советник на американскиот претседател Доналд Трамп, д-р Скот Атлас, познат по тоа што беше скептичен во врска со воведувањето мерки за сузбивање на коронавирусот, поднесе оставка.

Официјален претставник на Белата куќа потврди дека неврорадиологот од Универзитетот Стенфорд поднесе оставка на крајот од неговиот привремен ангажман во американската администрација, пренесува АП.

Веста за оставката ја потврди и Атлас преку објава на „Твитер“.

Тој во писмото за оставка наведе дека не може да замисли момент во кој науката што штити и научната дебата се поитни.

Атлас се приклучи на тимот на Белата куќа во текот на летото и влезе во судир со врвните владини советници за коронавирус, вклучувајќи го и д-р Ентони Фаучи, кој повика на поостри епидемиолошки мерки.

Тој ги критикуваше напорите за поттикнување на луѓето да носат заштитни маски и само пред неколку недели на „Твитер“, по повод воведувањето на нови мерки во Мичиген, ги повика граѓаните да се спротивстават на таа одлука.

Универзитетот Стенфорд се огради од својот професор, истакнувајќи во соопштението дека изразува ставови што не се во согласност со одговорот на универзитетот на пандемијата“.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.