Курц: Секој што ме познава знае колку сум приврзан за Балканот

Австрискиот канцелар, Себастијан Курц, реагираше на критиките кон него поради изјавата дека повратниците од годишниот одмор го донеле коронавирусот во Австрија и рече дека секој што го познава знае колку е приврзан за Западен Балкан.

Тврдењата дека има нешто против Балканот се, според него, апсурдни.

Тој потсети дека за време на неговиот мандат како шеф на австриската дипломатија се борел за пристапување на земјите од Западен Балкан.

„Западен Балкан е регионот што најчесто го посетував. Имам многу пријатели од тој регион и имам пријателски односи со шефовите на владите таму“, објасни Курц.

Сепак, како што додаде, како што се видел ефектот од априлските забави, така и во текот на летото се видело дека една третина од заразата се зголемила со повратниците од одмор, а повеќето се вратиле од Западен Балкан и Хрватска.

Тој нагласува дека воведувањето ограничувања за влез во земјата за време на Божиќните празници е поради лекциите од минатото.

Курц посочи дека оваа мерка ги погодува и Австријците кои живеат во странство и сакаат да дојдат во Австрија за Божиќните празници, како и сите луѓе кои сакаат да патуваат.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.