Во Хрватска 68 починати и речиси 4.000 новозаразени со Ковид-19
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 04 Декември 2020
Во последните 24 часа во Хрватска се регистрирани 3.995 нови случаи на коронавирус, а 68 лица починале.
Вкупно 2.427 пациенти се наоѓаат во болница, од кои 262 пациенти се на апарати за дишење, пренесува „Јутарњи лист“.
Вчера, Хрватска имаше нови 4.534 случаи на инфекција со коронавирус, а беа тестирани 11.166 примероци.
Од 25 февруари 2020 година, кога беше регистриран првиот случај на инфекција во Хрватска, евидентирани се вкупно 143.370 лица заразени со коронавирус, од кои 2.032 починаа, а вкупно 117.148 лица закрепнаа, од кои 3.639 во последните 24 часа.
Во моментов има 59.417 лица во самоизолација.
До денес се тестирани вкупно 790.883 лица, од кои 10.626 во последните 24 часа.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс