Фаучи ѝ се извини на Велика Британија поради изјавата дека прерано ја одобрила вакцината
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 04 Декември 2020
Водечкиот американски експерт за заразни болести, Ентони Фаучи, се извини за изјавата дека британските власти прерано ја одобриле вакцината против Ковид-19.
Тој рече дека има „голема верба“ во регулаторите на државата.
Фаучи, директор на Националниот институт за алергија и заразни болести на САД, предизвика контроверзии со претходната изјава дека британските здравствени регулатори не ги проучувале податоците на испитувањето толку внимателно како што ги проучувала Управата за храна и лекови на САД.
Тој доцна синоќа рече дека сакал да каже дека американските власти работат поинаку од нивните британски колеги, а не подобро, но неговите коментари не се веродостојно пренесени.
Фаучи за „Би-би-си“ изјави: „Имам голема верба и во научната заедница и во регулаторите во Велика Британија, и секој што ме познава мене и мојот став кон тоа со децении, знае дека е така“.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс