Пелоси: Конгресмените ќе мора да платат казна од 10.000 долари ако избегнат претрес на влезот во Домот

Спикерот на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, рече дека сака да воведе казни до 10.000 долари за пратениците кои ќе одбијат да поминат низ скенирање на оружје на влезот во Домот, поради немирите што се случија на 6 јануари кога приврзаниците на Трамп упаднаа во Конгресот.

Метални детектори се поставени на влезот во Домот во вторникот вечерта кога конгресмените дискутираа за отповикување на Трамп поради упадот во Капитол, по што беа убиени пет лица.

Забележано е дека неколку републиканци ги заобиколиле металните детектори, додека други се жалеле зошто биле инсталирани, објави „Ројтерс“.

Пелоси најави дека кога демократското мнозинство ќе се врати во Домот по 21 јануари, тие ќе изгласаат задолжителни казни за конгресмени кои не сакаат да ги следат правилата - 5.000 долари за прв прекршок и 10.000 долари за втор акт, а таа сума ќе им биде одземена од платата.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.