Во Загреб почина 11-годишно дете кое имало коронавирус

11-годишно момче почина во текот на ноќта на Клиниката за инфективни болести Д-р Фран Михаљевиќ во Загреб како резултат на инфекција со коронавирус.

Ова е најмладото починато лице како резултат на Ковид-19 во Хрватска, пренесува 24сата.хр.

Како што пренесуваат хрватските медиуми, момчето не страдало од други болести, но имало ретка компликација што лекарите почнале да ја забележуваат кај мал број деца кои биле заразени.

Наводно, имало мултиоргански воспалителен синдром кој се јавува како прекумерен имунолошки одговор.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.