Произведен пренослив прочистувач на воздух што се носи околу вратот

Естонската технолошка компанија „Респирај“ лансираше преносен прочистувач на воздух за кој тврди дека убива повеќе од 99% од вирусите и бактериите користејќи ултравиолетова светлина.

Компанијата наведува дека уредот е развиен во соработка со универзитети во Естонија и Полска и дека е поддржан од естонското Министерство за образование, кое има намера да го дистрибуира до училиштата, пишува „Ројтерс“.

Индрек Реиманд од Министерството за образование рече дека „Респирај“ смета дека тоа е дополнителен елемент во борбата против Ковид-19, покрај вакцините, лековите и мерките за дистанцирање.

„Нема волшебно стапче против вирусот, но комбинација од неколку фактори може да помогне во борбата против пандемијата“, рече Реиманд.

Уредот се состои од пластична кутија што се носи околу вратот. Се напојува од батерија која трае околу осум часа.

Воздухот прво поминува низ филтер за вшмукување, кој отстранува прашина и поголеми честички, а потоа тече низ УВ-Ц LED модул. Откако модулот ги убива вирусите и бактериите, воздухот стигнува до лицето на корисникот.

Малопродажната цена на овој уред е 279 евра, а испораките треба да започнат во март.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.