Фаучи: Ризично е да се одложи втората доза од вакцината

САД мора да се придржуваат кон стратегијата за давање две дози кога се користат вакцини развиени од компаниите „Фајзер“ и „Бионтек“ и „Модерна“, забележува водечкиот американски епидемиолог Ентони Фаучи.

Фаучи за „Вашингтон пост“ изјави дека е ризично да се одложи втората доза од вакцината со цел да се вакцинираат повеќе Американци.

Тој додаде дека примената на стратегијата за давање една доза може да доведе до тоа луѓето да бидат помалку заштитени, да овозможи ширење на соеви и да го зголемат скептицизмот кај оние Американци кои не сакаат да примат вакцина, пренесува „Ројтерс“.

Тој додаде дека разговарал со британските здравствени власти во понеделникот, кои одлучиле да ја одложат втората доза со цел да се зголеми бројот на луѓе што ќе ја примат вакцината што е можно поскоро.

Фаучи рече дека примената на таквата стратегија нема да има смисла во САД.

Тој додаде дека науката не поддржува одложување на втората доза за овие вакцини и посочи на истражување посветено на фактот дека давањето две дози развива доволна заштита од заразни соеви, додека употребата на една доза може да ги доведе Американците во ризик за видови како што е оној во Јужна Африка.

„Не знаете колку е трајна таа заштита“, рече Фаучи.

Фаучи во неделата ги повика Американците да примат која било од трите вакцини достапни во САД, вклучувајќи ја неодамна одобрената вакцина на „Џонсон и Џонсон“.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.