Војската во Мјанмар преку „ТикТок“ им се заканува на демонстрантите

Истражувањето на организациите за човекови права покажа дека војниците и полицијата во Мјанмар ја користат апликацијата „ТикТок“ за да упатуваат смртни закани против демонстрантите.

Агенцијата наведува дека Групата за дигитални права „Мјанмар ИКТ за развој“ објавила дека пронашла повеќе од 800 воени видеа на оваа апликација во кои им се закануваат на демонстрантите. Портпаролот на армијата не одговори на барањето на агенцијата за коментар.

Насилството во Мјанмар, каде што луѓето излегоа на улица во знак на протест против воениот удар, ескалира, а 38 лица беа убиени само на 3 март, кога полицијата отвори оган кон демонстрантите, пренесува Ројтерс.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.